Четврта Недела на Великиот пост – Св. Јован Лествичник
На 18.03.2018 година, четврта Недела на Великиот пост – Св. Јован Лествичник, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Василиева Литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер Предраг Исаески, протопрезвитер Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На литургијата беседеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, беседата може да ја прочитате во целост тука...